13.12.2021

Скопскиот третолигаш го победи Ролинг во Струмица, Работнички чека победа во Тетово, исто така за макисмален ефект

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Спарта останува непобедлива

 

 

 

Екипите на Спарта  и на Мега Баскет ја продолжија победничката серија во Третата лига. Водечките екипи во двете групи стигнаа до сигурни победи, па ги задржаа водечките позиции. Со забелешка дека во групата „Б“, кошаркарите на Работнички 2018 својот меч од седмото коло ќе го играат во среда, кога му гостуваат на Тетова Булс.

Екипата на Спарта стигна до шестиот по ред триумф на гостувањето во Струмица, каде беше подобра од Ролинг (103:74), и го одржа максималниот ефект (6-0) пред Младинец кој во овој круг од натпреварите стигна до победа над Крива Паланка (84:67).  

Одличен ефект има и Мега Баскет, го подобри со победата над Дибра Иглс со (85:67). Сега има скор (6-1) и прво место во групата „Б“, пред Работнички 2018 кој има пет победи во исто толку мечеви, но и натпревар помалку (гостувањето во Тетово).  

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

Младинец – Крива Паланка     84:67

Ролинг – Спарта    74:103

Вардар БС 2014 – Спорт Тим    75:72

Баскет Дино - слободен

ТАБЕЛА: Спарта 12, Младинец 11, Баскет Дино 10, Спорт Тим 8, Крива Паланка 8, Ролинг 7, Вардар БС 2014 7;  

ИДНО КОЛО (12.02)

Крива Паланка – Баскет Дино

Ролинг – Младинец

Куманово - Спорт Тим

Вардар - Спарта

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Мега Баскет – Дибра Иглс         85:67

Пробаскет – Албес           79:88

МКК Куманово – ИБА Баскет    109:87

15.12: Тетова Булс – Работнички 2018

ТАБЕЛА: Мега Баскет 13, МКК Куманово 11, Работнички 2018 10 (-1), Пробаскет 2019 8, ИБА Баскет 8, Албес 8, Дибра Иглс 8, Тетова Булс 5 (-1);

ИДНО КОЛО (18.12)

Работнички 2018 – МКК Куманово

Албес – Тетова Булс

Дибра Иглс – Пробаскет

Мега Баскет – слободен

ИБА Баскет – слободен