06.12.2021

Работнички 2018 го чува епитетот – непобедлив

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Спарта посилна од Младинец

Екипата на Спарта во групата „А“ и екипата на Работнички 2018 во групата „Б“ се единствените кои во досегашниот тек од натпреварите во Третата лига се со беспрекорен ефект. Поточно со максимален број на победи во исто толку одиграни натпревари.

Младиот тим на Спарта го доби дерби дуелот од 6. коло од групата „А“ против Младинец со (86:74), и остана единствената екипа во тоа друштво со максимален ефект, пет меча-пет победи.

Истите епитети одат и за уште еден млад тим, оној на Работнички 2018, кој во 7. коло од групата „Б“, беше многу подобар од Пробаскет. Победи со повеќе од убедливи (97:60) и ја задржа предноста во однос на прилепски Мега Баскет. Екипа која во ова коло стигна до победа на гостински терен против Албес (84:75).

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Спарта – Младинец         86:74

Баскет Дино – Вардар БС 2014            106:62

Спорт Трим – Ролинг      86:40

Крива Паланка - слободен

ТАБЕЛА: Баскет Дино 10, Спарта 10, Младинец 9, Спорт Тим 7, Крива Паланка 7, Ролинг 6, Вардар БС 2014 5;  

ИДНО КОЛО (11.12)

Младинец – Крива Паланка

Ролинг – Спарта

Вардар БС 2014 – Спорт Тим

Баскет Дино - слободен

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

ИБА Баскет – Тетова Булс          85:81

Работнички 2018 – Пробаскет 97:60

Албес - Мега Баскет         75:84

Дибра Иглс - слободен

МКК Куманово – слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 11, Работнички 2018 10, МКК Куманово 9, Пробаскет 2019 7, ИБА Баскет 7, Дибра Иглс 7, Албес 6, Тетова Булс 5;

ИДНО КОЛО (11.12)

Мега Баскет – Дибра Иглс

Пробаскет – Албес

Тетова Булс – Работнички 2018

МКК Кумново – ИБА Баскет