25.10.2021

Следниот викенд, ќе стартуваат и натпреварите од групата „А“...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Убедлив почеток на Работнички, Куманово, Пробаскет

По пауза од неколку сезони, овој викенд стартуваа и натпреварите во третата лига во машка конкуренција.

Поточно, се одиграа натпреварите од првото коло од групата „Б“, во која има пријавено вкупно девет екипи.

Една недела подоцна, на 30. октомври, ќе се одигра првото коло од групата „А“ која брои осум екипи-учесници.

Во првиот круг од натшреварите, три убедливи победи. Две од нив на домашен терен. МКК Куманово делуваше мошне убедливо во дуелот со Албес (91:55), додека Пробаскет без особени проблеми ја совлада Риниа (88:53).

Две победи остварија гостинските екипи. На средбата во Тетово, Дибра Иглс го победи Тетова Булс (73:68), додека вториот тим на Работнички беше многу подобар од ИБА Баскет (94:69).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ – ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ИБА Баскет – Работнички          69:94

Тетова Булс – Дибра Иглс         68:73

Пробаскет – Риниа           88:53

МКК Куманово – Албес  91:55

Мега Баскет - слободен

ИДНО КОЛО (30.10)

Албес – ИБА Баскет

Дибра Иглс – МКК Куманово

Риниа – Тетова Булс

Мега Баскет – Пробаскет

Работнички  -слободен

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ – ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 1. КОЛО (30.10)

Баскет Дино – Крива Паланка

Младинец – Ролинг

Спорт Тим – Куманово

Спарта - Вардар