03.04.2023

Феникс баскет и Маџари ГБ се сигурни, а  уште три екипи од групата „А“ нишанат плеј-оф

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Уште две „слободни места “ за доигрувањето

Двете водечки екипи во групата „А“, Феникс баскет односно Маџари ГБ останаа на делба на првото место откако стигнаа до убедливи победи во претпоследното коло од регуларниот дел.

Фениск баскет ја надигра Струмица (103:47), а Маџари ГБ беше убедлив во мечот против екипата на Овче Поле (97:63).

На коло пред крајот, ко-лидерите на табелата се на скор (15-2), но во наредното, и последно во регуларниот дел, имаат гостувања. Феникс баскет кај Пробаскет во Кавадарци, а екипата од Маџари кај Младинец во Скопје.

Во оваа група има две непознати, односно екипи кои ќе завршат на третата односно четврттата позиција на табелата, или оние кои водат во доигрувањето.

Младинец, Баскет Дино и Струмица имаат скор (11-6), и бараат победа во последниот круг од натпреварите во Третата лига, која ќе ги остави во плеј-оф зоната.

Извесно е дека Младинец ќе има најтешка задача, да биде подобар во дуелот со фаворизираниот соства на Маџари ГБ. Баскет Дино гостува во Скопје, кај МКК Вардар, додека пак струмичани имаат скоро „добитна комбинација“ на домашен терен против Спорт тим од Неготино.

Киксеви на конкурентите, макар и теоретски, чекаат младите „вардарци“ (досегашен ефект 9-7) пред кои се два натпревари. На 4. Април (вторник) против Ролинг 08, а наредниот викенд, и со Баскет Дино, на домашен терен.  

По одигрувањето на ова 17, коло, познати се и четирите екипи кои ќе играат во доигрувањето за место кое води во Втората лига.

Лидерот на табелата, Мега баскет беше сигурен во дуелот со Хераклеа (92:69), за потврда на „единицата“. А место во првата „четворка“ од оваа група има и за екипата на Спарта, која го потврди тоа со убедлива победа над Љуботен (93:43).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО

Маџари – Овче Поле       97:63

Спорт тим – Младинец  41:82

Феникс 2010 – Струмица           103:47

Дино Баскет – Пробаскет          105:67

04.04: Вардар – Ролинг 08

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 32, Феникс баскет 32, Младинец 28, Баскет Дино 28, Струмица 28, МКК Вардар 25 (-1), Пробаскет 21, Спорт тим 20, Овче Поле 20, Ролинг 08 17;

ИДНО КОЛО (08.04)

Овче Поле – Ролинг 08

МКК Вардар – Баскет Дино

Пробаскет - Феникс баскет

Струмица – Спорт тим

Младинец – Маџари ГБ

ГРУПА „Б“

Мега баскет – Хераклеа 92:69

Спарта – Љуботен 93:43

04.04: Дибра Иглс – Гостивар-2

Тетекс ТТК - слободен

ИБА Баскет  слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 25, Тетекс ТТК 23, Гостивар-2 20, Спарта 19, Хераклеа 19, ИБА Баскет 18, Дибра Иглс 18, Љуботен 15;

ИДНО КОЛО (08.04)

Гостивар 2 – Спарта

Љуботен – Мега баскет

Тетекс ТТК – ИБА баскет

Дибра Иглс - слободен

Хераклеа - слободен