14.10.2022

Рекорден број на пријавени тимови за новата натпреварувачка сезона

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Вкупно 19. екипи ќе се борат за места кои водат во второлигашка конкуренција

Рекордно пријавени, 19 екипи од овој викенд ќе го почнат натпреварувaњeто во Третата лига-мажи.

Поделени во две групи, во една десет, во другата девет, ќе се борат за двете места кои во дат во повисок натпреварувачки ранг – Втората лига.

Во групата „А“ ќе се натпреваруваат екипите на Ролинг 08, Баскет Дино Пробаскет, Спорт Тим, Струмица, Маџари, МКК Вардар, Феникс Баскет, Овче Поле и Младинец, додека пак во групата „Б“ се довчерашните второлигаши, Тетекс ТТК и Хераклеа, потоа Спарта, Дибра Баскет, Мега Баскет, Албес и новите имиња како Љуботен, односно Гостивар 2.

Согласно со системот за натпреварување, двокружен бод систем - „ФИБА-БЕРГЕР“, односно 18. кола, по принцип секој со секого, односно еднаш дома, еднаш на гости.

Екипите од првото до четвртото место играат плеј оф завршница, додека оние кои ќе  бидат пласирани од петтото до деветотто , односно десетото место остануваат во Третата лига-мажи и за следната натпреварувачка сезона 2023/2024 година.

Четвртфиналето се игра според принципот „подобар во три натпревари“, исто така ќе биде и во двете полуфинални серии кои треба да ги дадат двете екипи кои во сезоната 2023/2024 ќе се натпреваруваат во Втората лига-мажи.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 1.КОЛО

15.ОКТОМВРИ (САБОТА):

12.00: Ролинг 08 – Баскет Дино

Сала „Никола Карев“- Струмица

12.00: Пробаскет – Спорт Тим

Сала „Партизан“ - Кавадарци

16.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

13.00: Струмица – Маџари ГБ

Сала „Никола Карев“ - Струмица

19.ОКТОМВРИ (СРЕДА):

13.00: МКК Вардар – Феникс Баскет

Сала на КК „Вардар“ - Скопје

21.00: Младинец – Овче Поле

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ГРУПА „Б“

ДВОЈКИ 1.КОЛО

15.ОКТОМВРИ (САБОТА):

12.00: Хераклеа – ИБА Баскет

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

16.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

13.00: Гостивар 2 – Мега Баскет

Сала „Младост“ - Гостивар

17.00: Дибра Иглс – Спарта

Спортска сала во Дебар

20.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК):

13.00: Љуботен – Албес

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

Тетекс ТТК - слободен