07.07.2018 Нашата јуниорска репрезентација денес напладне го започна последниот натпревар во рамки на пријателскиот турнир кој се одигрува во Скопје и запиша нова победа. Репрезентативците, кои ова лето ќе се надигруваат на Европското првенство (дивизија Б) во Скопје од 27. јули до 6. август, ги совладаа своите врсници од Бугарија со 69-68. Претходно, јуниорите славеа над Австрија со 73-44 и над Романија со 52-69. Статистиката од денешниот натпревар може да се погледне на следниот линк. Турнирот ќе заврши со натпревар помеѓу Романија и Австрија закажан за вечер со почеток во 18:00.