24.10.2017

Трета победа за Работнички, трет пораз за Кожув

По Блокотехна, Гостивар и Карпош Соколи и Работнички се запиша во листата на непоразени екипи кои се натпреваруваат во Првата лига (мажи) и по три одиграни кола во исто време нанесувајќи му го третиот пораз во низа на Кожув. Најтрофејниот кошаркарски колектив во рамки на третото коло беше подобар од гевгелискиот клуб на гостински терен. 

Избраниците на Марин Докузовски без многу проблеми го совладуваа противничкиот состав долж целиот терен. Минорните грешки во одбраната домаќинот не успеа да ги казни со соодветен одговор, па до крајот на натпреварот гевгелискиот состав заостана речиси двојно повеќе поени.

До заокружување на третото коло останува уште една средба, на распоредот за в среда (25. октомври) помеѓу екипите на Струмица и МЗТ Скопје Аеродром.

Кожув - Работнички 53-94 (16-24, 14-16, 13-27, 10-27)

СТРЕЛЦИ
Кожув: Шалев (7поени), Мишковиќ (25), Пековиќ (14), Петров (1), Ангелов (4), Шутаров (2)
Работнички: Чековски (6поени), Крстевски (12), Костов (17), Гинјард (27), Робинсон (4), Мираковски (8), Крстевски Д. (8), Јордановски (3), Николиќ (9)

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ ТРЕТО КОЛО ПЛМ
Шкупи - Блокотехна 83-115 (13-37, 29-16, 19-33, 22-29)
Фени Индустри - АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23, 18-8)
Куманово - Карпош Соколи 83-94 (27-22, 19-18, 25-22, 12-32)
Пелистер - Гостивар 79-91 (13-16, 25-23, 20-28, 21-24)