Веќе станува добро познато - последниот викенд од месецот е секогаш резервиран за 3х3 турнир. И тоа турнир од премиерната зимска 3х3 лига во организација на КФСМ и „3х3 Macedonia“.
Арената „Кале“ (голема сала) повторно ќе биде домаќинот на тимовите кои ќе се надигруваат со една цел - да докажат дека се најдобрите баскетџии во Македонија и да се здобијат со титулата „Зимски шампион“.
28. февруари, 11:00 часот, СРЦ „Кале“ - Трет турнир зимска 3х3 лига
На изминатите два турнира, првиот одржан непосредно пред крајот на 2020 година и вториот на крај на месец јануари, триумфира тимот на Dust Caffe, оставајќи ги сите останати екипи зад себе. Ќе можат ли баскетџиите од Dust Caffe да го освојат и третиот турнир или ќе добиеме нов победник на турнир?! Одговорот на ова прашање ќе го добиеме на 28. февруари.
Сите екипи кои досега учествуваа на турнирите задолжително да ги потврдат ростерите на своите екипи најдоцна до петок (26. февруари).
Екипите кои досега не учествувале и сакаат да се пријават, тоа да го направат најдоцна до среда (24. февруари) на 3x3@basketball.org.mk.
Сите турнири ќе бидат одиграни согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.
- Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
- Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
- Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
- Сите турнири се одигруваат без присуство на публика;
- Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот. Секоја екипа ќе има посебно означено место на трибините каде ќе може да ги остави своите лични предмети додека игра на терените;
- Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со општите владини протоколи;