МЗТ Скопје Аеродром стигна до уште една победа на турнирот на Златибор. Како дел од третото коло во АБА 2 лигата, екипата од Аеродром се покажа како подобра од онаа од Мостар, со име Широки.
Во натпревар во кој популарните „металци“ имаа постојано водство, во еден момент од второто полувреме и од 14. поени, на крајот, сигурен триумф за поместување во оној горен дел од табелата во кој има неколку екипи со ефект од две победи и еден пораз, а кои го делат втоото место.
ШИРОКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73:80
Со серија од (11-0), односно, два поени пред истекот на првата, и уште девет во нецели три минути од втората. МЗТ Скопје Аеродром направи резултатски пресврт. Не само што поведоа, туку „сино-белите“ имаа плус од пет поени (30:25).
Олуџоби погодуваше во рекетот, а Стојановски надвор од него, па „аеродромци“ го најдоа оној вистински курс во овој дуел. З нив трет на турнирот. По третата тројка на Стојановски, нашиот тим водеше и со (35:29) во средишницата на втората четвртина.
Истата и максимална разлика „металците“ ја имаа и на полувремето (41:35).
Минути во кои Олуџоби дојде до десет поени, Стојановски имаше девет, а Бојиќ и Гечер по шест.
МЗТ Скопје Аеродром беше во дефицит од осум скока, но затоа пак го принуди противникот да направи дури 13. грешки во 20.минути од играта.
Во само три напади на почетокот на второто полувреме, екипата од Аеродром го удвои тоа водство. По атракцијата на Олуџоби, МЗТ Скопје Аеродром поведе со (47:35). Плус од 12.поени имаа и две минути подоцна (51:39). Но Широки се врати со рибрејк од (7-0) и намали на (46:51).
Сепак, МЗТ ја доби и третата четвртина по која водеше со (59:52).
По трет пат во мечот, нашиот претставник во ова натпреврување имаше позитива од 12. поени (67:55). Момент од 35.минута, во „режија“ на најдобриот поединец на средбата, Олуџоби (23.поени, со шут од игра 6/8 и 8/8 од линијата за слободни фрлања). За миг, затоа што во следниот напад, Стојановски ја продолжи серијата на (10-0), и донесе уште повисоки (69:55), како најава за вториот триумф во оваа конкуренција.
Наместо да продолжат во ист стил, кошаркарите на Ѓорѓи Кочов, подзастанаа. Му дадоа на противникот нова контра-серија од (8-0) со која се доближи на достижни (69:63) на 3:19 минути пред крајот.
Стојановски ја прекина, со реализација на две слободни фрлања, за (71:63). Но Буљевиќ продолжи да погодува и да ја „крати“ негативата (67:71) која беше активна пред последните две минути, во кои Андреј Магдевски, со тројка за (75:67), го реши прашањето околу конечниот победник.
По три одиграни мечеви на турнирот, екипата од Аеродром има ефект од две победи и еден пораз, ист ефект како и нашиот втор претставник-Работнички.
Утре вечер, од 21.часот, екипата од „Градски парк“ го игра својот последен,четвртти меч во „балонот“ на Златибор. За противник, Димитар Мираковски и неговите избраници го имаат амбициозниот состав на Младост од Земун, екипа која е претставена како „филијала“ на белградски Партизан.