18.10.2021

Еуро Никел 2005 го дочека бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром, но повторно не успеа да го победи (69:75)

ТРЕТО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кавадарчани не најдоа решение за шампионот

Последниот меч од 3. коло беше реприза на ланската финална серија од плеј-офот. Онаа во која МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Еуро Никел 2005, и ја освои титулата.

И вечерва, во кавадаречки „Јасмин“ не беше поинаку. Екипата од Аеродром однесе уште една вредна победа.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ   69:75

Одлично, пред сè, во одбранта одигра екипата од Аеродром во првите 20.минути од овој дерби дуел, и повторување на ланското финале во плеј-офот.

Ги задржаа домашниот тим на само 32 поени, од друга страна дадоа дури десет повеќе и заслужено имаа двоцифрен „вишок“ од (42:32) на полувремето. Особено дообро во нападот МЗТ Скопје Аеродром одигра во втората четвртина во која не само што ја вратија стартната негатива (17:21), туку изградија и убедливо водство.

Но се беше спосема поинаку во продолжението. Како на теренот да истрчаа некои други две екипи...

Со серија од (16-2), во рок од пет минути, кавадарчани направија вистински пресврт. Се променија улогите на дуелот во „Јасмин“. Поведе Еуро Никел 2005 со (46:44).

Таа неверојатна серија, со тројка, ја прекина репрезентативецот Робев, кој за момент ги врати гостите од Аеродром во минимално водство (49:48), по што беше јасно дека се ќе се решава во последниот период од дерби дуелот во Кавадарци. Таа најсиромашна четвртина домаќините ја добија со (18-7), и водеа (50:49).

Со серија од девет поени, „сино-белите“ само тро минути, одново поведоа, сега со (58:50), Стојановски со 10 поени, стана првиот двоцифрен кошаркар во гостинската екипа. А за кратко време, тренерот Горан Самарџиев „потроши“ дури два тајм-аути.

Но не усеа да се одбрани од тој налет на гостите. Победата оди за МЗТ Скопје Аеродром, втора за нив во три одиграни кола од шампионатот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР           67:92

РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ 86:69

КУМАНОВО 2009 – ТФТ  38:56

КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП            56:65

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010        86:74

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       69:75

ИДНО КОЛО (23.10)

ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА