Екипите на Кожув и на Работнички го отворија третиот круг од натпреварите во Првата лига.
Гевгеличани со желба да стигнат до првата, а екипата од „Градски парк“ до третиот по ред, триумф од стартот на новиот шампионат.
На крајот, лесна и убедлива победа за новиот лидер на табелата во Првата лига.
Кожув – Работнички 84:95
Одлична уводна четвртина, и пред се, ефикасна, имаа кошаркарите на Работнички. Во десет минути реализираа 30. поени, и брзо воспоставија доминација на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија. Ефикасната игра ја предводеше „трилингот“ Николовски, Младеновски и Враговиќ, кои за кратко време, станаа и „двоцифрени“.
Гостите од Скопје имаа вишок од 13.поени по првиот период (30:17).
По тројката на Враговиќ, во 13.минута, скопските „црвено-бели“ имаа уште повисоки (37:22).
Но со серија од седум поени по ред, во нецели три минути, поентерски расположениот, Скот ја симна негативата на едноцифрена (35:43). Кога за тир поени погоди и Максвел, домашната екипа беше на уште помало заостанување, (44:51) на влезот во последната минута од првото полувреме кое финишираше со резултат (53:46) за Работнички.
Екипа која погоди 8 тројки од 18.обиди. Кожув шутираше двојно помалку, но играчите кои од клупата ги предводи Александар Јончевски беа доста точни од таа позиција. Уфрлија пет тројки од само осум обиди (62%), кои и ги вратија „назад во натпреварот“.
Интересно, најдобриот играч на Работнички на првите два натпревари, Американецот Питс беше без ниту еден постигнат поен!!!
Првите три, ги постигна дури по 25.минути игра, за водство на својот тим од (66:51). Дел од серијата со која гостите дојдоа до највисок плус од 20 поени, (71:51).
Имаа четири помалку (77:61) по три четвртини од мечот во Гевгелија, кога полека стана појасно дека Кожув не може да му парира на расположениот состав кој го креираше Димитар Мираковски. А кој со серија од (11-2) стави точка на одличниот настап во Гевгелија. Стигна до недостижни (88:63). Секако, далеку од очекувањата на домашниот тренер, кој пред почетокот, бараше од своите играчи да играта далеку подобра одбрана од прикажаното во овие 40.минути, кои покажаа дека Работнички е подготвен за настапите во АБА 2 лигата.
Ова беше уште една, трета потврда за тоа од почетокот на сезоната!