07.11.2020

Во драматичната завршница, Академија ФМП му го нанесе првиот пораз на Куманово (91:89) и ја запиша втората победа.

ТРЕТО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пантерите“ имаа поголеми нерви, и „помирна рака“ во „пенал-рулетот“

Во вториот меч од вечерашната програма на 3. првенствено коло, Академија ФМП и Куманово одиграа доста израмнет натпревар. Со чести промени на водството. Но на крајот, во пенал-завршница, победата, втора во сезоната за Академија ФМП, и прв пораз за Куманово 2009.

Академија ФМП – Куманово 2009     91:89

Почетните (13:4) потоа и (17:8) за Куманово не се покажаа како доволни да се добие првата четвртина на гостувањето во Скопје. За само три минути, „пантерите“ од Кисела Вода успеаја во обидите брзо да се вратат во игра. Со серијата од (14-4) дури и го превземаа водството (22:21) на истекот на првиот период.

А со помош на одличниот Крстајиќ, кој реализираше 11.поени, во наредните три, дури и го зголемија на (30:25). Период од играта во кој кај гостите од Куманово поентерски, со 12. поени, се одвои Црниќ. Токму по неговата тројка, и поените на Андрејевиќ донесоа егал скор (30:30).

Момент кој го означи најизедначениот дел од натпреварот во салата „Независна Македонија“, и во кој двете екипи доста често се менуваа со водството.

Сепак, првото полувреме заврши со водство на гостинската екипа од (45:42) по шестиот поен на Марковски.

Полувреме во кое и двете екипи имаа очајно слаба реализација во шутот, особено оној за три поени (домаќините 1/8, другите 2/8).

Полувреме во кое Андрејевиќ и Црниќ искомбинираа 30.поени за екипата гостин, а Крстајиќ, половина од таа бројка, за домашната. А кумановци остварија скокачка супериорност, имаа дури девет скока повеќе во однос на противникот (22 спрема 13).

Во третиот дел од играта, Куманово беше екипата која се одвои. Но на само пет поени плус (68:63). Но „сино-белите“ брзо ја загубија. Иако на истекот од таа четвртинаа водеа со (70:67), му дозволија на противникот нов резултатски пресврт. Академија ФМП беше екипата која имаше позитива од пет поени (75:70), а потоа и уште повисоки (79:72) кои го натераа Владимир Мирковски на 4:10 минути пред крајот брзо да земе уште еден там-аут.

Но кумановци никако не успеваа да најдат решение за брзиот Крстајиќ, кој стигна до 32.поени со висока реализација (8/9 за два поени).

Сепак, по забивањето на Андрејевиќ, Куманово се врати. Намалија гостите на (79:82) на 2:20 минути до крајот на средбата.

Имаа домаќините и позитива од седум поени (86:79), но со една неспортска грешка, му дадоа нова шанса на противникот. На 78 секунди пред крајот, резултатот беше (86:83).

Казни Црниќ, со пет поени (вкупно 23), за нерешени (86:86), на 24. секунди. Доволно за цел напад на Академија ФМП, кој преку Херис, кој беше половичен од линијата за слободни фрлања, донесе минимална предност (89:88). На индентичен начин „одбовори“, Цветковски, за (89:89).

Херис доби нова шанса од истата позиција, ја искористи за нова предност (91:89). Црниќ не одговори на предизвикот кој со себе го носат слободните фрлања. Не ги реализира двете кои водеа во продолжение од пет минути. Не помогна ниту техничката грешка на клупата на домашната екипа, која заслужено, дојде до вториот триумф во сезоната.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Кожув – Работнички        84:95

Академија ФМП – Куманово 2009     91:89

НЕДЕЛА

18.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим Грин мобил (МТВ3)

18.00: Гостивар – Еуро Никел 2005

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ - Пелистер