18.10.2021

Во претпоследниот натпревар од третото коло, го совладаа мотивираниот Феникс 2010 (86:74)

ТРЕТО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ осцилираа, но ја реализираа „домашната“ задача

Иако на стартот влегоа во двоцифрена негатива, и имаа „падни-стани“ ситуции во продолжението, кошаркарите на Пелистер сепак го пронајдоа патот до уште еден првенствен триумф. Против дебитантот во Првата лига, екипата на Феникс 2010, стигнаа до трет по ред, успех, кој ги држи на делба на позицијата број 1, заедно со екипите на Работнички и ТФТ, сите со максимален ефект (3-0).  

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010        86:74

Помалку неверојатни, но вистинити делуваа оние (10:21) по нешто повеќе од пет минути од дуелот во Битола.

Серијата од четири тројки по ред, ги врати „пелистерци“ назад во игра. Доволно да израмнат на (22:22). Ниту тајм-аутот на Дервишевиќ, не ја прекина серијата на битолчани. Имаа домаќините (14-0) со што дури преминаа во водство (24:22). Тројката на младиот Петков, ја прекина. Макар и за момент, Феникс 2010 се врати во водство (25:24).

Хотон не дозволи и да остане, погоди и постави (26:25) на истекот на првиот период.

Предупредувањето кое го добија во првите пет минути беше „прифатени“ од домашните кошаркари. Продолжија ефикасно, и со висока реализација, особено за три поени. По тројката на капитенот Трајковски, Пелистер направи нова серија, сега од (10-0) и поведе со (38:30).

Следуваше „одговорот“ на гостите...

Феникс 2010 направи контра-серија од 11 последувателни поени. За нова промена на водството (41:38), и минута одмор која ја „потроши“ тренерот Марјан Илиевски на нешто помалку од четири минути до крајот на полувремето.

Период од играта во кој не се промени ништо, Феникс 2010 го задржа тоа водство, имаше (48:45) по 20.минути игра во Битола.

Пелистер имаше одличен почеток и по одморот. Домашните кошаркари со серија од (13-0) повторно се одлепија, по три и пол минути игра, за двоцифрени (58:48). Нешто потоа и (62:50) а во тој стил битолчани и го затворија третиот дел, водеа со уште повисоки, и недостижни, (75:60).

Вечерва, третото коло ќе биде затворено со дуелот во Кавадарци, каде од 18.часот (пренос на МРТ), Еуро Никел 2005 го пречекува шампионот, МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР           67:92

РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ 86:69

КУМАНОВО 2009 – ТФТ  38:56

КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП            56:65

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010        86:74

ДЕНЕСКА:

18.00: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/2BX8fmpdhR0