Она што го испуштија во дуелот со Работнички, кошаркарите на Гостивар донекаде го поправија во дуелот со досега непоразениот Еуро Никел 2005.
Освен во првиот период, гостиварци доминираа во дуелот кој беше означен како еден од оние кои се нарекуваат дерби, на третиот круг од натпреварите во Првата лига. На крајот тоа го претворија во прва сезонска победа.
Гостивар – Еуро Никел 2005 96:87
Еуро Никел 2005 поведе со (12:7), но не го задржаа гостите од Кавадарци тоа водство некое подолго време. Гостиварци возвратија доста брзо. Од негатива (12:14), со серија од (10-2) стигнаа до првото повисоко водство од (22:16) во кое Мозли и Тодоровиќ се „вградија“ со по осум поени.
Првиот дел од играта го завршија во своја корист, со слични (25:20). Добро отворија и во вториот период, во кој за две минути, домаќините изградија предност од девет поени (31:22). Две минути подоцна, таа беше и двоцифрена (36:24). Доволно за тренерот на Еуро Никел 205, Горан Самарџиев да побара минута за одмор и совети како понатаму.
И работите во кавадаречкито тим почнаа да функционираат доста подобро. Особено во нападот, кој ги донесоа на само два поени негатива (41:43) на минута и пол пред двете екипи да заминат во соблекувалните.
Време во кое дојдоа реализациите на Штерјов и Мозли, за колку-толку солидна предност за Гостивар (47:41) на одморот.
Гостиварци изгледаа уште подобро по оние 15.минути. Би се рекло, и полесно од очекуваното, одново „влегоа“ во двоцифрена позитива. Во 27.минута имаа плус од 14.поени (65:51), потоа и уште повисоки (69:53). Но во последниот дел од играта влегоа со нешто пониски, (73:60).
Но како одминуваа минутите, така се намалуваше, таа, навидум, висока разлика на домашната екипа. Во последните две минути, а по тројката на Петровски, се влезе со само шест поени предност (89:83) во корист на Гостивар.
Но домаќинот успеа да го одбрани тој последен обид на кавадарчани, и стигна до посакуваната цел – победа.
МЗТ Скопје Уни банка – Црн Дрим Грин мобил 75:78
По нецели шест минути од играта, стружани имаа двојно повеќе даде од примени поени (16:8). Најавија дека се подготвени да дојдат до прволигашки првенец.
Кори Рос даде половина од поените за уште повисока разлика (18:9) во корист на гостинската екипа. Серијата од шест поени на домашниот тим, ја прекина Арсоски, кој постави водство од (20:15) за Црн Дрим.
Но веќе на почетокот на втората четвртина - пресврт. Со серија од (6-2), домашната екипа го превзема водството, (25:22), во кое сосема добра поентерска подршка дадоа Исабел, Андоноски и Савиќевиќ.
Двете екипи имаа проблеми со реализацијата. Но Рос, макар и за момент успеа да ги врати гостите кон егал-резултат (30:31) во средината на вториот дел, а потоа, по неговиот 19.поен, беше плус 2 за МЗТ Скопје Уни Банка (35:37).
И само по негова заслуга гостите имаа минимално водство на полувремето (42:40). Реализираше повеќе од половина од поените – 22, иако девет од нив дојдоа од линијата за слободни фрлања (шут 9/12 од таа позиција).
Доста сиромашна беше третата четвртина од средбата во СЦ „Јане Сандански“. А дефинитивно, подобро се снајдоа избраниците на тренерот Перо Чочороски. Направија предност од седум поени (54:47) по шест одиграни минути од третиот дел.
Имаа гостите и двоцифрена предност, во неколку наврати од последниот дел. Последната (71:61), која во голема мерка ја креираше некогашниот „металец“ Андреј Настовски.
Но младата екипа од Аеродром не се откажа, напротив. Од минус десет, по тројката на нивниот најрасположен кошаркар, Савиќевиќ, дојдоа на -1, (75:76). Но во последниот гостински напад, Настовски се претвори во јунак на Црн Дрим Грин мобил. Погоди младиот кошаркар за конечни (78:75) кои не успеа да ги поништи токму Савиќевиќ.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Кожув – Работнички 84:95
Академија ФМП – Куманово 2009 91:89
МЗТ Скопје УБ – Црн Дрим Грин мобил 75:78
Гостивар – Еуро Никел 2005 96:87
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
ТФТ – Пелистер
ИДНО 4. КОЛО (14.11)
Кожув – Вардар
Куманово 2009 – Гостивар
Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка
Црн Дрим Грин мобил – Академија ФМП
Работнички – Еуро Никел 2005 одл.
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ одл.