Работнички стигна до уште една теша победа, трета по ред за најтрофејниот клуб во Македонија, И по трет пат избраниот состав на тренерот Тони Симиќ мораше добро да се испоти, сега да надополни и негатива од 20.поени за да стигне до планираните бодови.
Дебитантот во Првата лига, екипата на Ангели, не делуваше така во првите 15.минути од играта. Имаше и плус од 20.поени, но не ја задржа. Една лоша трета четвртина, ги врати многу назад, по то немаше враќање...
РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ 86:69
По израмнетната прва четвртина, (18:17), млаку кој очекуваше дека дебитантот во друштпвото на најдобрите ќе има таква, фенонемална втора четвртина. Или минути во кои гостите ја „разбија“ играта на противникот. Стигнаа до изненадувачки плус од 20.поени (41:21), како што беше по 17.минути од играта во која доминираше Мандерсон (стрелец на 17.поени дотогаш, а со голема помош од Сумбри кој додаде уште 13. Или комбинирано 30.поени, многу повеќе од целата екипа на индиспонираниот состав на Работнички.
Звучи неверојатно, но Ангели реализираа дури 31. поен во таа втора четвртина која ан полувремето им донесе големи (49:38). Дури и подносливи за големиот фавори кој дури во вториот дел од вториот период, поточно во три минути, анулира добар дел од големата негатива, по заслуга на младиот Данаиловски кој постигна 12.поени.
Кога видоа дека нема шега со Ангели, домашните кошаркари притиснаа уште повеќе по големата пауза.
И до крајот на третата четвртина успеаја во целост да го анулираат двоцифреното водство на гостите од Кисела Вода. А по двете реализирани слободни фрлања на Мустафица, Работнички премина во мининално водство (55:53).
Само четири поени постигнаа Ангели во тој дел од играта, домаќинот дури 17!
Во следниот налет„бело-црвените“ наравија (16-7), стигнаа до двоцифрена предност (71:60), која не ја испуштија до крајот на натпреварот во кој Емерсон реализираше 21.поен (и шест асистенции), три помалку имаше Данаиловски (и седум скока) и Мацура заврши со 17 поени, н и исто толку скокови. Своите минути максимално ги искористи уште еден млад играч, Виктор Златевски кој дополни со 12. реализации.
Кај Ангели, ново добро издание на Мандерсон, стрелец на 22.поени, Сумбри имаше дабл-дабл од 15.поени и 12.скока.
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР 67:92
Силен почеток имаа гостите од Гостивар на ова гостување во СЦ „Јане Сандански“ против „помладиот“ состав на МЗТ Скопје со додавка Уни Банка. Уште во првата четвртина четата на тренерот Александар Јончевски обезбеди висока позитива (25:11), која од минута во минута само ја зголемуваше.
По нецели 17.минути, Гостивар имаше двојно повеќе дадени –44, отколку примени поени -22 ! А во главна поентерска улога беше Ворку, кој реализираше 14.поени во тој дел од играта. Сепак во оние три посленди од првот ополувреме, домашните кошаркарки се вратија, макар и делумно, со парцијални (12-6), за конечни (34:50) по 20.минути игра.
Третата четвртина ги тргна сите дилеми околу тоа кој ќе биде победник на овој натпревар. „Сино-белите“ од Гостивар продолжија во исто, ефикасно темпо. Сос екоја одмината минута разликата ја праве се поголема и поголема, По три периоди беа на плус 31 (81:50), со што ја потврдија својата супериорна игра против екипата која претходно имаше две добри изданија, дури и една победа. Освен Ворку, до двоен број на поени во гостинскиот тим дојдоа и Јанески и Ефремовски, додека долго време Митевски беше единствениот кој ја надмина таа бројка на реализации.
Премалку за посериозен отпор.