16.10.2021

Фуриозен почеток имаа „црно-белите“ со кој ги оддуваа сите високи очекувања на Куманово (85:68)

ТРЕТО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ останува на стонастотен ефект

Екипата на ТФТ останува со максимален ефект и по три одиграни кола во новата сезона од Првата лига. Во мечот кој беше најавен како дерби на колото, и балканска пресметка, на тимови кои се дел од БИБЛ лигаа, немаше скоро па ништо.

Од првата до последната минута, на теренот во Куманово постоење само една екипа, онаа од Тафталиџе. За тоа сведочи и крајниот резултат

КУМАНОВО 2009 – ТФТ  68:85

Одлично, во тие 20.минути функционираше трилингот Ленард-Хортон-Бродвеј. До истекот на првото полувреме тројцата Американци веќе беа „двоцифрени“, имаа десет и повеќе поени. Повеќе од комплетниот тим на Куманово 2009 кој беше тотално паднат во оној дефанзивен сегмент од играта.

Посебно тоа се однесува за првите десет минути од „балканската пресметка“ кога на противникот му дозволија да постигне дури 35.поени.

Моменти во кои се чини дека и беше одлучен победникот на дуелот во Куманово. Во кој оној втор дел од играта беше далеку поизрамнет. Но на полувремето ТФТ ја имаше разликата од првата, феноменална четвртина (56:38).

А кога во нападот се „активираше“ некогашниот „кумановец“, сега органзиатор на играта на ТФТ, Александар Костоски, спас за Куманово немаше.

По пет минути во продолжението на средбата, беше четвртиот гостински играч со десет или повеќе поени, а ТФТ направи серија (13-2) по која поведе со (68:40). за третата четвртина да ја затвори со плус 30 (76:46). Па оној друг дел од натпреварот се претвори во вистинска формалност.

 

КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП            69:76

Екипите на Кожув и Навико Академија ФМП си поделија по една четвртина во првото полувреме, кое на крајот заврши со само еден поен предност за екипата од Гевгелија (37:36).

Гевгеличани ја добија првата со (22:14), но гостите од Скопје впзвратија во втората со (22:15). Одлично прво полувреме имаше Николовски кој реализираше 13.поени во домашниот тим, додека Бре Ивеј, уште на деби мечот за екипата од Кисела Вода со 11.реализации во првиот дел од играта покажа дека ќе биде сериозно допонение во изборот на тренерот Александар Петровиќ, кој на овој меч беше хендикепиран со неиграњето на суспендираниот Филип Бакоч.

Слично на втората, се одвиваа настаните во третата четвртина. Онаа во која гостите ја превземаа во целост контролата на играта, и што е поважно над резултатот. Стигнаа до сосема солидно водство од (59:52).

Не се задоволија со тоа, продолжија со истата енергија и во последниот дел од гостувањето во Гевгелија. Не само што ја одбранија, таа предност и ја зголемија и сосема заслужено стигнаа до триумфот. Прв за нов во новата сезона.

За Кожув пак ова е трет по ред пораз, кој ги остана на дното на табелата со екипите кои досега не се радувале на победата.  

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР           67:92

РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ 86:69

КУМАНОВО 2009 – ТФТ  68:85

КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП            69:76

ПОНЕДЕЛНИК:

11.30: ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/pP0MPDOvwY8

18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/2BX8fmpdhR0