02.12.2020

Од здравствени причини, одложени се неколку натпревари  

ТРЕТО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Баделки“ со Трокал, кумановки со Пробаскет

Вонредното трето коло од Првата женска лига, денеска ќе донесе само два натпревари. Нималку добрата здравствена состојба во нашата земја, услови неколку натпревари од оваа конкуренцијаа да бидат одложени.

Затоа денеска на програмата ќе бидат само два натпревари.

Во групата Исток, од 16. часот, екипата на Куманово го пречекува Пробаскет. А нешто подоцна, од 20. часот, во Скопје, Бадел 1862 е домаќин и огромен фаворит во дуелот со кавадаречки Трокал.

Овој натпревар од групата „Запад“, кој се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје, може да се гледа на следниот ЛИНК

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

ДЕНЕСКА:

ИСТОК

16.00: Куманово – Пробаскет

Крива Паланка – КАМ Баскет   одложено

Вардар – слободен

МЗТ Скопје Аеродром - слободен

ЗАПАД

20.00: Бадел 1862 – Трокал (STREAM)

Шкупи – Струга 2009       одложено

Пантери – Работнички   одложено

Гостивар - слободен