23.11.2020

Екипата од Драчево го доби дерби дуелот против Феникс 2010, со (69:65), и остана непоразена на Истокот

ТРЕТО КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Ангели подобри од Феникс, Хераклеа, Борец и Чаир 2030 – максимални!

Дерби натпреварот на третото коло од Втората лига се играше во салата „Независна Македонија“, каде во дуелот на две непоразени екипи, Ангели го пречека тимот на Феникс 2010.

По голема борба, и натпревар во кој беа забележани неколку резултатски пресврти, на крајот до особено важната победа стигна домашната екипа. Славеше тимот предводен од тренерот Горан Ѓорѓиевски со (69:65), за делба на првото место на табелата.

Заедно со екипата на Борец Баскет, која на свој терен стигна до третиот успех во новата сезона. Велешани беа подобри од Кам Баскет (79:70).

Со максималелен ефект по три одиграни кола може да се пофалат и две екипи од Западната конфернеција.

Чаир 2030 стигна до сигурен триумф на гостувањето кај Риниа (80:66), додека Хераклеа ја доби битолската пресметка против Пелистер Медика Карта (82:77).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ 

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

ЗАПАД

Партизан Водно Санс – Спорт Тим     94:24

Мега Баскет – Тетекс ТТК           61:71

Риниа – Чаир 2030           66:80

Хераклеа – Пелистер Медика карта  82:77

Спарта – Охрид     79:82

ТАБЕЛА: Чаир 2030 6, Хераклеа 6, Тетекс ТТК 4 (-1), Спарта 4, Риниа 4, Охрид 4, Пелистер Медика карта 4, Мега Баскет 4, Партизан Водно Санс 3 (-1), Спорт Тим 3

ИДНО 4. КОЛО (25.11)

Спорт Тим – Охрид

Пелистер Медика Карта – Спарта

Чаир 2030 – Хераклеа

Тетекс ТТК – Риниа

Партизан Водно Санс – Мега Баскет

ИСТОК

Ангели – Феникс 2010    69:65

Куманово 2 – Струмица 64:80

Борец Баскет – КАМ Баскет      79:70

Пробаскет – Ролинг 08   101:67

Шкупи – МКК Куманово одл.

ТАБЕЛА: Борец Баскет 6, Ангели 6, Феникс 2010 5, Струмица 4, Шкупи 3 (-1), Куманово-2 3 (-1), Ролинг 08 3, Пробаскет 3 (-1), Баскет КАМ 2 (-1), МКК Куманово 1 (-2),

ИДНО 4. КОЛО (25.11)

Феникс 2010 – МКК Куманово

Ролинг 08 – Шкупи

Баскет КАМ – Пробаскет

Струмица – Борец Баскет

Ангели – Куманово 2