По три одиграни кола во Втората лига, само една екипа може да се пофали со максимален учинок. Својот стонастотен ефект го одржаа кошаркарите на Чаир 2030, кои пред својата публика во салата „Шабан Трстена“ во Чаир беа многу подобри од ГКК Охрид. Славеа со убедливи (104:79).
Чаирчани добро го искористија киксот на екипите на Вардар и на Партизан Водно Санс кои запишаа прв пораз во првенството.
Во „Кале“, изменетиот состав на Баскет Кам ги изненади „вардарци“, дојде до убедлив триуф од (82:68), додека пак Партизан Водно Санс загуби на гостувањето во Струмица (59:76).
Па по ова одиграно коло се создаде и „турканица“ од позицијата два до седум, каде „влегуваат“ дури шест екипи со ефект (2-1).
Освен Баскет Кам, Вардар Партизан Водно Санс и Струмица, во тој „круг“ влегоа уште и Шкупи, со триумфот против екс-прволигашот, Црн Дрим (97:84), и новакот во оваа конкуренција, екипата на Соколи 1933 која на домашен терен беше подобра од Борец Баскет (73:58).
Токму екипата од Велес и онаа од Струга засега се без првенствен успех.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Хераклеа – Тетекс ТТК 82:67
Вардар – Баскет КАМ 68:82
Соколи 1933 – Борец Баскет 73:58
Шкупи – Црн Дрим 97:84
Чаир 2030 – ГКК Охрид 104:79
Струмица - Партизан Водно Санс 76:59
ТАБЕЛА: Чаир 203 6, Баскет КАМ 5, Струмица 5, Вардар 5, Соколи 1933 5, Шкупи 5, Партизан Водно Санс 5, ГКК Охрид 4, Хераклеа 4, Тетекс ТТК 4, Борец Баскет 3, Црн Дрим 3;
ИДНО КОЛО (30.10)
Соколи 1933 – Струмица
Борец Баскет - Охрид
Партизан Водно Санс – Вардар
Тетекс ТТК – Чаир 2030
Баскет Кам – Шкупи
Црн Дрим - Хераклеа