29.09.2021

Со натпреварите Баскет КАМ-Војводина 021, Бадел 1862 – Монтана, стартува 21. сезона од женското регионално натпреварување

Тргнува WABA лигата, Баскет Кам и Бадел 1862 со јадрански предизвик

Натпреварување кое оваа сезона ќе се одвива во три фази, а во кое за прв пат откако се игра женска кошарка, Македонија ќе има двајца свои претставници. Шампионот и освојувач на Купот, екипата на Баскет КАМ од Македонска Каменица, и Бадел 1862 од Скопје.

До крајот на календарската 2021 година, ќе се игра во две групи (по осум екипи), потоа најдобрите осум продолжуваат во Суперлигата. Кон крајот на март, ќе се игра финалниот турнир на кој ќе играат четирите најдобри екипи.

Вечерва, во Скопје ќе се одиграат два натпревари. Од 18.часот, во СРЦ „Кале“, екипата на Баскет КАМ ја пречекува новосадска Војводина 021. Еден час подоцна, во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, Бадел 1862 е домаќин на бугарската Монтана.

„Очекувам добар натпревар, со целосно почитување на екипата на Војводина 021. Секако, станува збор за клуб кој негува српска школа на кошарка, и игра добра кошарка. Што се однесува за нашата екипа, се надевам дека од натпревар во натпревар ќе играме се подобро и подобро. Тоа е целта, да се види прогрес. Да градиме играчи, да градиме тим“- вели Александар Алексиев, тренерот на македонскиот шампион.

А од 19.часот, првиот освојувач на македонскиот Суперкуп, го пречекува силниот состав од Монтана.

„По пауза од четири години, во оваа натпреварувачка сезона повтoрно сме учесници на престижната регионална лига. Во претходните учества, нашиот тим немаше остварено ниту една победа. И од тие причини очекуваме во оваа сезона да дојдеме до првите победи. Со крајна цел, пласмaн во Суперлигата. Што се однесува до вечерашниот натпревар, фаворитската улога ѝ ја препуштаме на гостинската екипа, Монтана. Екипа која во изминатиот период беше постојан учесник на завршните турнири од WABA лигата. Но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, напротив... Кошаркарките се крајно мотивирани и убеден сум дека ќе дадат се од себе за остварување на подобар резултат и што подостојно премиерно претставување на почетокот на сезоната“- вели пред вечерашниот дуел, Перо Стамески, првиот тренер на „баделки“.

WABA ЛИГА

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Орли – Феникс       20:0 сл.

ДЕНЕСКА:

18.00: Баскет КАМ – Војводина 021

СТАТИСТИКА

LIVESTREAM

18.00: Партизан – Цинкарна Цеље

19.00: Бадел 1862 – Монтана

СТАТИСТИКА

LIVESTREAM

30.СЕПТЕМВРИ

17.30: Будуќност Бемакс - Триглав