Во рамките на подготовките за претстојните челинџери на ФИБА, М16 и М18 репрезентациите на Македонија ќе имаат силни тестови со соодветните селекции на Србија, а ќе им се прилучи и М15 тимот.
Токму најмладите први ќе заминат кај нашиот северен сосед и на 15 и 16 јули во Краљево ќе одиграат два пријателски натпревари. М18 репрезентацијата патува на 25 јули и во следните два дена ќе игра во Зрењанин, а последни ќе заминат кадетите кои на 7 и 8 август ќе гостуваат во Ниш.
Ова е првпат наши младински репрезентации да се подготвуваат со Србите кои секогаш имаат силни селекции и се борат за највисок пласман на европските првенства.
М16 и М18 репрезентациите на Македонија летово ќе играат ФИБА „Челенџер“ турнири во Скопје.
Кадетите се во група со Франција, Литванија, Грција, Русија и Романија, а јуниорите со Шпанија, Србија, Хрватска, Германија и Грузија.