22.10.2017

„Три од три“ и за Гостивар

Покрај Карпош Соколи и Блокотехна, екипата на Гостивар по три одиграни кола во Првата лига (мажи) е без пораз. Во третиот натпревар во тековната натпреварувачка сезона (2017/2018), гостиварци запишаа нова победа, овој пат над битолски Пелистер.

Избраниците на Марјан Србиноски без проблеми го трасираа патот кон третата победа за оваа сезона настапувајќи доминантно кон натпреварот. Во финишот, Гостивар славеше со 79-91 односно 13-16, 25-23, 20-28 и 21-24 по делници.

СТРЕЛЦИ
Пелистер: Илиевски (3поени), Анакиевски (15), Голубовиќ (3), Роберт (40), Џон (16), Фландербурк (2)
Гостивар: Тасовски (10поени), Димчевски (17), Зекири (8), Робев (15), Серафимоски (6), Тодоровиќ (15), Сегариќ (20)

Од третото коло во Првата лига (мажи) засега се одиграни четири натпревари. Во вторник ќе се пресметаат Кожув и Работнички, а ден подоцна колото ќе го заокружат МЗТ Скопје Аеродром и Струмица со меѓусебен дуел.