17.01.2020 Екипата на Евре запиша уште еден неуспех во ПРО Б лигата на Франција. Поразени се на гостувањето кај Випи Клермон со резултат (85:91). Со просечно издание на македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски. Високото крило одигра 22.минути на овој меч. И притоа реализираше девет поени. Сите зад линијата од 6.75 метри. Погоди три од шесте обиди од таа позиција. Немаше обиди за еден односно за два поени. Нашиот репрезентативец запиша и два скока во улoга на стартер во тимот на Евре, кој по овој пораз сега има ефект од пет победи и десет порази со кои е на 15.позиција на табелата во некомплетираното 15. коло од втората француска лига.