23.10.2020

Македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец во својот тим постигна 13. поени

„Тринаесетката“ на Ѓуроски не е баксузна за ХЛА Аликанте

Стојан Ѓуроски и неговиот ХЛА Аликанте стигнаа и до својата втора победа на стартот од Леб Оро лигата.

На свој терен убедливо беше совладана екипата на Леида со резултат (82:65).

Да биде уште подобро, македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец во својот тим. Крилото на тимот од Аликанте постигна 13 поени (2/6 за три, 3/5 за два и 1/2 за еден поен), а освен тоа имаше и три скока и една освоена топка за 22.минути во игра.

По две кола од втората шпанска лига, ХЛА Алиkaнте има максимални две победи.