21.07.2017

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА: Ја победивме Холандија по пет дополнителни минути

Бевме доволно самоуверени за да шутираме од далечина, но шутевите кои не ги реализиравме нашите противници ги ’крадеа’ под нивниот обрач. Условниот домаќин на овој натпревар беше супериорен во скокот и сето тоа резултира со висока негатива која требаше да ја бркаме по десет минути игра (20-9). Ги построи Давитков своите избраници на малата пауза пред вториот период, па до крајот на првиот дел од натпреварот ја консолидиравме играта. Нашиот противник наталожи и 15 поени предност (27-12) која стагнира и во третиот период. Во последните десет минути нашите сениори блеснаа на теренот правејќи серија од 0-14 со која стигнавме со изедначување (53-53), првпат по она воведното 2-2. Следеше поен-за-поен битка од која нè одведе во продолженија. Одбраната повторно беше наш адут, противниците не можеа да се пробијат кон нашиот обрач што резултира со победа по петте дополнителни минути со конечни 72-78 (20-9, 19-21, 14-11, 8-20, 11-17).

СТРЕЛЦИ
ХОЛАНДИЈА: Франхе (18 поени), Вилијамс (2), Де Јонг (7), Улдмарс (16), Норел (9), Шафтенакр (11), О.Шафтенакр (3), Слагтер (2)
МАКЕДОНИЈА: Костоски (13поени), Јанески (6), Стојановски (23), Стајиќ (9), Чековски (11), Мекиќ (2), Тасовски (8), Ѓуроски (3), Николовски (3)