Денеска во Гевгелија, стартуваше второто издание на меморијалниот турнир „Боби Петковски“. Собир на кој освен јуниорската репрезентација на Македонија учествуваат и оние на Црна Гора, Израел и Грција.
Честа да го отворат турнирот на имаа селекциите „Под 18“ години на Македонија и на Грција.
МАКЕДОНИЈА (У18) – ГРЦИЈА (У18) 66:93
Почетокот помина во доста израмнета игра во која двете екипи направија неколку промени на водството.
Во 13. минута, Грција поведе со двоцифрени (29:18), што беше знак за селекторот Апостолски Лечиќ да побара тајм-аут, во обид да ја сопре серијата на противникот, кој ја доби првата четвртина со (21:17).
Период од играта вo кој селекторот на нашиот јуниорски тим веќе „изротира“ 11. од вкупно 14. играчи кои влегоа во пријавната листа за овој премиерен меч од турнирот во Гевгелија.

Слично беше и на полувремето, селекцијата „Под 18“ на нашиот јужен сосед имаше убедлива предност (46:31).
Но тоа не ги поколеба нашите млади играчи, кои по одморот, заиграа уште подобро. И за кратко време високата негатива ја сведоа на достижна.
По поените на Лукановски, намаливме на (44:52), а кога погоди Иванов, негативата беше уште пониска (47:54), кога се играше 27.минута од оваа прва посериозна проверка за нашите најдобри јуниори.

Не се промени ништо и во наредните три минути, па двете селекции ја дочекаа последната четвртина со резултат (51:59) за Грција.
Во првите две од четврттиот дел, со серија од (8-0) гостите се одвоија на (67:51).
Капитенот Шошкиќ реализираше 21.поен, имаше и четири асистенции и три скока, Иванов, Стојанов, Лукановски и Величковски додадоа по осум, Јакимовски седум, а Кириловски уште шест поени за нашата репрезентација.

Утре попладне, во истиот термин, од 17.часот, Македонија игра против репрезентацијата на Црна Гора.
Вечерва се игра и вториот меч од првиот ден на турнирот во Гевгелија. Од 19.часот, на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија ќе истрчаат јуниорските репрезентации на Црна Гора и на Израел.