28.06.2023

На вториот натпреварувачки ден од собирот во Гевгелија, нашата јуниорска репрезентација подобра од Црна Гора (70:67)

ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА: Прва победа за македонските јуниори, за нијанса подобри од црногорските!

На почетокот на вторито натпреварувачки ден од турнирот во Гевгелија, нашиот национален машки состав „Под 18“ години играше против соодветната селекција на Црна Гора. Во доста изедначен меч, со голме број на промени на водството, по 40.минути игра како победник излезе репрезентацијата на Македонија!

МАКЕДОНИЈА (У18) – ЦРНА ГОРА (У18)       70:67

Сериозен проблем во играта на нашиот јуниорски тим беа слободните фрлања.

Посебно во првото полувреме...

Звучи навистина неверојатно, во скоро 20.минути, имавме процент на реализација од повеќе од скромни 23%  (односно само четири реализации од 17. обиди) од најлесната позиција за поентирање.

Една од причините што го „потрошивме“ тешко стекнатото водство, највисокото (31:24) кое го имавме во 14.минута.

Но во оние шест, имавме несфатлив пад во играта, особено во нападот. Дадовме само два поени, противникот нешто подобар (десет), но доволно да имаат минимална предност на полувремето, (34:33).

Дваесет минути кои ги одбележаа 15. реализации на Иванов  (плус и пет скока), и 13 поени кои дојдоа од спротивната страна, а ги реализираше Судар.

Младите Црногорци имаа подобро „отворање“ на вториот дел од играта. Го свртеа резултатот во своја корист, за кратко време, неполни пет минути, поведоа (43:39), потоа и со (45:42).  

Само за кратко го вративме водството на наша страна, кога поентираше Лукановски беше (48:47), на минута и половина до истекот на третиот дел. Но пред псоелдната „мала пауза“, Црногорците беа тимот кој го имаше водството (51:48).

Со четирите поени на Иванов (негов 19. на натпреварот), одново ја вративме предноста, макар и минимална (54:53) по поминати 120 секунди од последниот период. Имавме и уште повисоки (57:53). Некоја минута подоцна и (60:55). А по поените на Шошкиќ (од линијата за слободни фрлања), на 3:11 минути пред крајот и (64:59).

По блокадата на Иванов, и поентирањето на Трајанов, стигнавме и до (68:62). А на противникот му останаа само 33. секунди да проба, да се врати во резултатски егал. Поените на Јошовиќ, одново од линијата за „пенали“, ги поништи Шошкиќ (негов 12.поени на мечот), за „два поседи“ предност, сега од (70:64). Недостижно за Црна Гора, доволно за прва победа на Македонија на турнорот во Гевгелија.

Утре попладне, во истиот термин, од 17.часот, Македонија игра против репрезентацијата на Израел.

Вечерва се игра и вториот меч од вториот ден на турнирот во Гевгелија. Од 19.30 часот, на теренот во салата „26.април“, ќе истрчаат јуниорските репрезентации на Грција и на Израел.