29.06.2023

Онаму каде што застанаа, синоќа, во дуелот против Црна Гора, јуниорите продолжија и денеска, на натпреварот против Израел (82:59).

ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА: Уште еден „плус“, Македонија го победи и Израел,

Со две победи го завршува настапот на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија нашата машка селекција „Под 18“ години, По вчерашниот успех против Црна Гора, денеска, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ беа подобри и од своите врсници од Израел. 

МАКЕДОНИЈА (У18) – ИЗРАЕЛ (У18)  82:59

Онаму каде што застанаа нашите јуниори, синоќа, во дуелот против Црна Гора, продолжија и денеска, на натпреварот против израел.

Освев во воедните минути, првото полугреме од меот со Израел, помина со постојана предност на нашата селекција „Под 18“ години.

По десет минути игра, Македонија имаше сосема солидни (20:12).  

Навистина, имавме проблеми на почетокот на втората четвртина, минути во кои селекцијата на Израел се доближи до нашето водство. Имавме само еден поен плус (25:26), во тие моменти на криза во нападот, пред се.

Но последните четири минути ги одигравме според желбите на стручниот штаб. И до полувремето ја вративме таа, би се рекло, стандардна предност.

На големиот одмор заминавме со позитива од девет поени (37:28). Една третина од поените (12) беше на Иванов, а на почетокот на второто полувреме меѓу „двоцифрените“ успеа да „влезе“ и Шошкиќ, кога по серијата од (7-0) се одвоивме и на највисоки (44:28).

Стојанов беше „икс фактор“ на Македонија во третата четвртина. Можеби и најдобрата четвртина за нашата јуниорска репрезентација на турнирот во Гевгелија. Поточно пет феноменални минути во кои „црвено-жолтите“ изградија предност и од 24.поени (56:32). Импресивни беа неговите четири тројки (од осум тимски) за така краток временски период кои и ја украсија нашата игра во оваа секвенца од средбата во салата „26.април“. 

Но во оние сто секунди до истекот на периодот, Лукановски и Шошкиќ го одбранија тој налет на противникот. Со пет поени, се одвоивме на (61:42), а полувремето го затворивме со нешто пониски (61:45).  

Во оној последниот, Израел се закани уште еднаш, кога намалија на -11 (50:61). Но нашите јуниори најдоа дополнителна енергија за да се одбранат, дури и повеќе од тоа.

Да се одвојат на (70:53), како што стоеше на семафорот во 35.минута од играта. И иако останаа да се одиграат уште долги пет, Македонија не дозволи ново доближување на гостите од Израел.

Доволно за уште една, и тоа како важна победа на собирот во Гевгелија, кој го затвораме со позитивен скор, и добар показател како понатаму во периодот на подготовките.

Или 40 минути во кои Стојанов се награди со 21 поен, Шошкиќ имаше еден помалку, додека пак Иванов застана на 17, што е и не е толку важно во оној краен впечаток.

Вечерва се игра и вториот меч од третиот ден на турнирот во Гевгелија. Од 19.30 часот, на теренот во салата „26.април“, ќе истрчаат јуниорските репрезентации на Грција и на Црна Гора, кога ќе го имаме и победникот на второто издание на турнирот во Гевгелија.