18.03.2018

Турнир М14: Крива Паланка со Трокал во финалето

Младите кошаркарки на Крива Паланка ќе се пресметаат со кошаркарките на Трокал  во финалето од турнирот за девојчиња до 14 години и помлади. Во натпревар во кој резултатската позитива беше повеќе на страната на Крива Паланка, кошаркарките на Струга 2009 не успеаја да ја анулираат негативата пред себе и да се изборат за финале. избраничките на Владо Ѓоровиќ ќе играат против Бадел 1862 за третото место.

Крива Паланка - Струга 2009 23-15 (8-3, 5-6,4-6, 6-0)