18.03.2018

Турнир М14: Пелистер прокоцка двоцифрено водство, Бадел 1862 до првата победа

Уште еден интересен натпревар на турнирот за девојчиња до 14 години, втор во рамки на групата А. Поразениот од првиот натпревар, Бадел 1862 успеа да стигне до победа откако ги совлада кошаркарките на Пелистер. Баделки имаа тешка задача пред себе откако на полувремето од натпреварот пред себе имаа двоцифрена негатива. Во вториот дел од натпреварот попушти одбраната на кошаркарките од клубот од Битола што значеше и анулирања на таа негатива, изедначување, а потоа и убедливо водство.

Натпреварот заврши со резултат 41-48 односно 6-7, 20-4, 12-13 и 3-23 по делници.