23.12.2017 Вториот натпревар во рамки на групата А од турнирот за девојчиња до 14 години заврши со резултат во полза на младите кошаркарки на Гостивар 2009. Избраничките на Кире Атанасовски беа посилни од кошаркарките од Крива Паланка, за кои ова беше прв натпревар од групната фаза. Во финишот, Госитвар славеше со 23-38 односно 0-11, 10-10, 1-9 и 12-8 по четвртини.