18.03.2018 Кошаркарките на Крива Паланка ја запишаа првата победа во рамки на групата Б од турнирот за девојчиња до 14 години против кошаркарките на Гостивар со убедливи 53-16 односно 16-5, 21-2, 8-3 и 8-6 по делници. Брзината и силната игра под кошевите беше адутот на ’домаќините’ кои уште на почетокот на натпреварот наталожија доволна разлика за удобна игра до крајот на натпреварот. Крива Паланка ќе се пресмета со Струга 2009 во 16:30, Гостивар неколку часа порано, во 14:00