23.12.2017

Турнир М14: Втора победа и за Бадел 1862, втор пораз за Крива Паланка

Извесно е веќе дека екипата на Бадел 1862 ќе биде првопласирана во групата А и со тоа ќе учествува во финалниот натпревар од новогодишниот турнир за девојчиња до 14 години. Избраничките на Јасмина Герасимовска стигнаа до втората победа совладувајќи ги врснички од Крива Паланка со убедливи 48-22 со кои се искачија на врвот на табелата со четири бода пред Гостивар кој има еден помалку.