Честа да го отворат турнирот во Скопје, ја имаа селекциите на Македонија и на Израел. Одигравме добро во најголем дел од оваа прва доста сериозна „контрола“. Имавме водство практично до последната секунда, пред Израелците да погодат еден неверојатен шут за три поени, и да слават победа.
МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 63:65
По изедначената прва четвртина во коај гостите од Израел имаа „половина поен“ предност (13:12), нашиот кадетски национален тим имаше одлично отворање на втората.
Во 15. минута Македонија поведе со (24:16), а пред истекот на полувремето, имавме и уште повисока позитива, од 11. поени (34:23).
Полувреме во кое, пред се, добро функционираше одбраната на нашата репрезентација „Под 16“ години. Го ограничивме противникот на мал број на реализации. Израел реализираше само 24.поени, имаше и десет загубени топки како „производ“ на нашата добра игра во дефанзивата.
Ние имавме десет повеќе, добра позитива пред почетокот на второто.
Петровиќ имаше 11.реализации во то прв дел од играта, Доријан Ивановски дополни со осум, а Дамјан Ивановски седум поени.
На почетокот на второто полувреме уште еднаш имавме двоцифрени (37:26), по што следуваше серија ја гостите од шест поени, за намалување на водството (32:37), и ран тајм-аут за селекторот Јованчев (минута 14). Без поголема промена во играта на нашиот тим, па мораше за кратко време да „потроши“ уште еден.
Две минути подоцна, Израел се доближи на минус од три поени, (36:39). А до крајот на третиот период, дојдоа и до егал резултат (45:45).
На почетокот на последниот, по тројката (и дополнителното слободно фрлање) на Митревски, се одвоивме на (52:48). Серијата „порасна“ на (6-0) кога погоди Терзиевски, и донесе (54:48).
Со четири поени во серија Петровиќ го одржи тоа наше водство (63:58). Н останаа да се доиграат 2:20 минути. Период во кој противникот се доближи на поен негатива (62:63), а за конечно решение останаа 74. секунди.
Имавме два неуспешни напади, во прилог ни одеше и грешката на Кантерович. Без потреба, избрзавме во нашиот последен напад, бевме сурово казнети, со тројка во последната секунда, ја реализираше оној кој претходно погреши-Кантерович.
Петровиќ ја заврши онаа „контрола“ со 15.поени, Митревски и Терзиевски имаа по 12, а Дамјна Ивановски уште 11.
Утре во исто време (18.30 часот), на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кадетската селекција на Македонија ќе игра против Грција. Два часа подоцна (21.00), ќе се сретнат Израел и Шпанија.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Македонија – Израел 63:65
29. ЈУЛИ (САБОТА)
18.30: Грција – Македонија
21.00: Израел – Шпанија
30.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
18.30. Македонија – Шпанија
21.00: Грција – Израел
31.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.30: Шпанија – Грција
*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје