Домашната селекција беше многу подобра од нашата, особено по нашиот добар почеток, и водство по првите десет минути.
СЛОВЕНИЈА (У14) – МАКЕДОНИЈА (У14) 90:63
Првата петорка на нашата селекција оствари позитивен резултат. По 10.минути игра, македониај водеше со (17:13).
Но на почетокот на вториот период, втората „постава“ на Словенија за нецели три минути направи серија (8-0) со која го сврте резултатот. Поведоа домаќините со (21:17). И тоа успеаја да го зголемат, и до истекот на полувремето да имаат двојно поголеми (37:29).
И кога двете селекции имаа право да комбинираат, не одеше како што треба, во третата четвртина Словенија делуваше сигурно во нападот, и особено добро во нападот, што резултираше со уште поголема резултатска негатова за нашиот состав „Под 14“. Во 29.минута од играта, домаќините имаа и плус 24 (64:40). Се покажа како доволен за конечен успех на Словенија на оваа средба во која нашата пионерска селекција го забележа и вториот неуспех на турнирот во Словењ Градец.
Во нашиот тим „Под 14“, Ефтимовски постигна 15, а Терзиевски уште 14.поени.
На третиот ден од турнирот во Словењ Градец, утре попладне, од 15.45.часот, ќе играме против селекцијата на Бугарија.