Машката селекција на Македонија, кошаркари „Под 14“ години. Ќе игра за седмото место на турнирот турнир „Словениа Бол“ во Словењ Градец
МАКЕДОНИЈА (У14) - УНГАРИЈА (У14) 71:83
Само една, резултатски гледан, добро одиграна четвртина, третата, имаше нашата пионерска селекција на овој натпревар кој решаваше која од двете репрезентации ќе се бори за петтото место на собирот во Словенија.
За жал, онаа треата, во која нашите млади кошаркари парцијално гледано, направија (23:7), што беше доволно да поништиме најголем дел од високата негатива која ја имавме на полувремето (29.46).
Па на влезот на последниот и реашавачки дел од мечот, имавме минимално заостанување од само еден поен, (52:53).
Но наместо да продолжиме во исто темпо, застанавме, особено во дефанзивниот сегмент. Му дозовливме на противнкот да реализира дури 30.поени во тие десет минути, доволни да го сопре нашиот налет од третата четвртина, и на крајот дури и да победи со двоцифрена предност.
Уште една, поентерски гледано, добра партија на турнирот прикажа Љубен Ефтимовски, кој заврши со 20. поени, (плус и пет скока и две асистенции). Ѓорѓевиќ даде 14, а Терзиевски еден помалку.
На последниот ден од турнирот во Словењ Градец, за пласман на 7. место, утре претпладне, од девет часот, ќе играме против селекцијата на Полска.