Со пораз од Полска, нашата селекција „Под 14“ години го заврши учеството на 16. по ред традиционален турнир „Словениа Бол“ во Словењ Градец
ПОЛСКА (У14) - МАКЕДОНИЈА (У14) 88:68
Полската селекција оствари доминација уште во првата четвртина. Реалтивно лесно се стекнаа со висока предност, која на истекот на првиот период изнесуваше 15.поени (25:10).
Ниту промената на петорките, со гласно со правилата на ФИБА „Бам Пасарела“, не донесе промени во играта и во резултатот На полувремеото Полска имаше уште повисоки, (47:26), кои и го најавија победникот во натпреварот за седмото место на турнирот.
Слично се одвиваа работите и по паузата. Никако не успеваа нашите млади кошаркари да го пронајдат ритмот со кој играа на претходните натпревари во Словењ Градец.
Сепак ова беше петти меч за младиот тим во исто толку дена и со намалена играчка енергија, не успеаја во обидите да го финишираат настапот со добар резултат.
На последниот меч на собирот во Словенија, Ефтимовски и Терзиевски постигнаа по 14.поени, Нешовиќ имаше 13, додека Ѓорѓевиќ дополни со уште десет реализации во нашата селекција.