26.08.2022

Во третото коло од групната фаза, селекцијата „Под 14 “ беше подобра од Бугарија (72:68)

ТУРНИР „СЛОВЕНИА БОЛ“-СЛОВЕЊ ГРАДЕЦ 2022: Прва победа на Македонија

Машката селекција на Македонија, кошаркари „Под 14“ години стигна до својата прва победа на традиционалниот турнир „Словениа Бол“ во Словењ Градец

МАКЕДОНИЈА (У14) - БУГАРИЈА (У14)           72:68

По почетното, макар и минимално водство по десет минути на нашата млада селекција (21:19), Бугарија одигра одлично во втората четвртина. Ни се повтори играта од средбата со Словенија пред еден ден, кога дозволивме противникот да креира високо водство.

До полувремето пионерската бугарска селекција поведе со високи (47:34).

Но кога двете репрезентациии добија право да играат со комбинирани состави, бевме многу подобри од соседите од Истокот, Имавме одлични десет минути во третата четвртина во кои постигнавме 27, а примивме само 11.

Освен пресвртот во играта, дојде и промената на реултатот, и на влезот во периодот на одлука имавме „вишок“ (61:58).

Последната делница беше и најизрамнетата, но имавме постојано водство кое на крајот го претворивме во прва победа на турнирот.

До неа Мкедонија ја предводеше Љубен Ефтимовски, и тоа со висок двоен ефект изразен со 31.поен и 10.скока. Жарко Терзиевски реализираше 12, а Григориј Ѓорѓевиќ десет.

На претпоследниот ден од турнирот во Словењ Градец, за пласман од 5. до 8.место, утре претпладне, од 11.15.часот, ќе играме против селекцијата на Унгарија.