Војдан Стојановски повторно на кошаркарскиот терен...
Вест која дефинитивно го радува секој љубител на кошаркарксиот спорт, а која вели дека до крајот на оваа натпреварувачка сезона, долгогодишниот капитен ан напиот национален тим ќе игра за актуелнито македонски шампион – МЗТ Скопје Аердором!
За Војдан Стојановски ова ќе биде враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, со оглед што интернационалната авантура ја почна во 2011 година, кога замина за Украина.
Од тогашниот настап за Черкаски мавпи, македонскиот репрезентацивец настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Кариерата ја почна во Вардар, а има играно уште и за АМАК-СП, Напредак Крушевац и за Фени Индустри.
Оваа сезона Стојановски се опоравуваше од повредата на коленото, по која сега е стоотстотно подготвен да го даде максимумот како во дресот на МЗТ Скопје Аеродром така и во националниот тим.
Неговиот договор со клубот од Аеродром е до крајот на сезоната, со можност за евентуално понатамошно продолжување на соработката, под услов двете страни најдат заеднички јазик по одигрувањето на последниот меч.