15.07.2024

Црногорската селекција „Под 16“ славеше против нашиот национален тим со (82:52)

Убедлива загуба на кадетите на првата проверка во Тиват

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „Под 16“ години запиша пораз на првиот од двата предвидени контролни натпревари на гостувањето во Тиват.

Подобри од нашите кадети беа нивните врсници од Црна Гора, кои на крајот славеа со убедливи 30.поени „вишок“...

ЦРНА ГОРА У16 – МАКЕДОНИЈА У16          82:52

Домашната селекција уште во раната фаза од натпреварот, односно на истекот на првата четвртина, се одвои на двоцифрени (21:10), кои до полувремето ги зголеми на (34:18).

Најефикасно, и најизедначено се игрше во третата четвртина, која им припадна на домаќините (26:25), а Црногорците беа подобри и во последната, која ја добија со (22:9).

Во нашата селекција, Цветковски реализираше 11.поени, додека Ѓошевски имаше еден помалку – 10.

Утре од 12.часот, двете кадетски селекции, на истото место во салата на СЦ „Жупа“ во Тиват, ќе одиграат уште еден контролен натпревар.