26.06.2022

На мини-турнирот во Портуалија, домашниот тим славеше против нашиот ривал во квалификациите, со минимални (77:76)

Украина има слаби точки, Португалците ги пронајдоа

Еден од двата противника на Македонија во јулските квалификации, репрезентацијата на Украина, одигра два пријателски натпревари, очекувано, на гостински терен, во Португалија каде оствари по една победа и пораз.

Подобра од Украина беше домашната селекција која триумфираше со минимални (77:76). Украинците беа подобар противник речиси цел меч, по 30 минути игра, водеа со 12 поени разлика (68:56), но во последните минути се случи пресврт. Португалците го добија тој период со 21-8) и поедија.

Инаку, ова бее втор натревар за Украинците кои играа ден порано и против  Словачка. Славеа победа со  резултат (75:61).

Ако нема изненадувања на другите натпревари, дуелот меѓу Македонија и Украина на 4. јули во Скопје директно ќе одлучува за третото место во нашата група. Противникот е во предност бидејќи на првиот меч на домашен терен во Киев победи со 17 поени разлика.