Женската сенироска репрезентацијана Украина ќе биде во комплетн состав за двата претстојни квалификациски натпревари за Евроаскт 2025 година.
Украинскиот селектор Евгениј Мурзин на списокот од 14.кошаркарки ја постави и Алина Јагупова, дефинитивно првиот адут за она што следува во овој ноемвриски квалификациски „прозорец“.
Украинките одработија неколку тренинзи во Рига, каде е нивната „база“, по што тргнаа за Скопје, каде утревечер (од 18.часот) ги чека дуелот со нашиот женски национален тим.
Ростерот на Украина за двете средби во квалификациите е следен:
Алина Јагупова (Валенсија-Шпанија), Татјана Јуркевичиус (Брексиа-Италија), Мириам Уро-Нил (Нион-Швајцарија), Викториа Балабан (Нептунас-Литванија), Дариа Дубњук (Полониа-Полска), Евгениа Путра (Ружомберок-Словачка), Вира Хримаљук (Самарин-Словачка), Вероника Љубонец (Приштина-Косово), Кристина Кулепа (Нови Загреб-Хрватска), Наталија Цубук (Наполи-Италија), Кристина Филевич (Франкивск-Украина), Богдана лапкан (Франкивск-Украина), Анџелика Лиашко (Франкивск-Украина), Анастасиа Кучерова (Франкивск-Украина)