14.03.2025 14.03.2025г. Во седиштето на ФИБА Свет, во „Куќата на кошарката-Патрик Бауман“, денеска се одржа ждребот за втората рунда на претквалификации за Светското првенство, предвидено да се одигра во 2027 година во Катар, согласно распоредот на ФИБА. Ждребот посака нашата машка сениорска репрезентација да ги добие Унгарија и Романија за противници. Сите натпревари во рамки на оваа фаза од претквалификацискиот циклус ќе се одиграат во периодот од 2. до 20. август, 2025 година. Репрезентациите кои ќе се пласираат на првото и на второто место во претквалификациските групи ќе обезбедат пласман во наредната етапа - квалификации за Светското првенство закажано за 2027 година.