02.04.2024

Овој втор хепенинг за најмладите возрасни категории ќе се одржи на 21. април, во салата на СРЦ „Кале" во Скопје

Уште еден кошаркарски фестивал за најмладите кошаркар(к)и

Македонската кошаркарска федерација организира уште еден Минибаскет фестивал за сите клубови во оваа натпреварувачка сезона.

Овој втор хепенинг за најмладите возрасни категории ќе се одржи на 21.април, во салата на СРЦ „Кале" во Скопје.

Учесници ќе бидат младите кошаркар(к)и од генерациите: 2014/15 машки, 2014/15 женски, 2016/17 машки и 2016/17 женски.

Секоја екипа која сака да учествува на овој собир, треба да достави пријавна листа (со најмногу 15. играчи), најдоцна до 12.април (петок), на следниот меил:

minibasketliga@basketball.org.mk