Кошаркарската Федерација на Македонија организира „МИНИБАСКЕТ ФЕСТИВАЛ 2025" како дел на ФИБА проектот "Alley-oop", за клубовите од источниот дел на нашата земја.
Фестивалот ќе биде организиран на 31. мај (сабота), во салата на СРЦ "Кале" во Скопје, а учесници се младите кошаркари и кошаркарки од генерации: 2015/16 машки, 2015/16 женски, 2017/18 машки, 2017/18 женски.
Доколку некој има комбиниранаа екипа (машки/девојчиња), во пријавата за учество ќе треба да заблежи и од која генерација се.
-Секој клуб е ограничен да пријави максимум 3 екипи од една генерација.
-Котизација не се плаќа, и секое дете учесник добива медал, а секој клуб учесник добива пехар.
Правила на пријавување:
- Секоја екипа доставува пријавна листа со најмногу 15 играчи најдоцна до 26.мај 2025 (понеделник).
Пријавувањето се врши на меил: minibasketliga@basketball.org.mk или контакт-телефон: 070/262-081