10.02.2020 Капитенот на нашиот национален тим и неговиот нов клуб, „предвреме“ го одработија 23.коло од француската ЛНБ лига. И загубија на гостувањето кај Ле Портел, дури и убедливо, со резултат (61:80). Војдан Стојановски беше дел од стартната петорка на гостинската екипа која очајно ја одигра последната четвртинa (ја загубија со резултат 20-7). На теренот беше дури 35.минути. Период во кој реализираше 12.поени (2/4 за три, 2/4 за два и 2/2 за еден поен). Тоа го дополни и со пет скока и две асистенции. По 23.кола, Гравелин-Данкерк има ефект од 6.победи и 17.порази и се наоѓа при дното на табелата во најсилната конкуренција во Франција.