28.09.2020 Нашиот репрезентативец реализираше 12.поени во убедливиот триумф над ЦБ Хаирис (104:71) Стојан Ѓуроски и неговите соиграчи од новиот клуб ХЛА Аликанте, продолжуваат со успешните игри и победите во периодот на подготовките пред почетокот на новата сезона во Леб Оро лигата во Шпанија. Последна „жртва“ на тимот од Аликанте беше ЦБ Хаирис кој беше убедливо совладан (104:71). А што е поважно со добра игра на македонскиот репрезентативец. На оваа втора контролна средба за составот од Аликанте, Стојан Ѓуроски реализираше 12. поени, и беше еден од петмината домашни кошаркари со двоен број на поени. Следната „контрола“ им е закажана за 30. септември во Кастело, против домашната екипа ТАУ Кастело.