Уште еден ден исполнет со насмевки, со енергија и радоста од најмладите кошаркар(к)и, уште едно незаборавно дружење на идните генерации, како дел од Минибаскет фестивалите, оние кои се дел од проектот „Alley-Oop“ во рамките на ФИБА, посветен на најмладите кошаркари – нашата највредна инспирација!

И викендот кој е зад нас, младите кошаркар(к)и од генерациите: 2015/16 машки, 2015/16 женски, 2017/18 машки, 2017/18 женски од оној источен дел од нашата земја, имаа убава можност да го презентираат сиот свој потенцијал на собирот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
За секој одличен потег – Alley-Oop!
