19.07.2021

Со одигрувањето на натпреварот Македонија-Косово, и официјално заврши првиот ФИБА „Челенџ“ турнир за кошаркарки „Под 20“ години.

Уште една одлична европска организација на нашата федерација

Синоќа, со одигрувањето на натпреварот Македонија-Косово, и официјално заврши првиот ФИБА „Челенџ“ турнир за кошаркарки „Под 20“ години.

И уште еднаш Македонската кошаркарска федерација се покажа како одличен организатор.

Иако „навикнати“ на организација на уште поголеми европски настани, „Челенџерот“ во изминатите седум дена помина во најдобар можен ред, за што ФИБА даде потврда за тоа, со доделувањето на специјалното признание за одлично организиран настан кој заврши со триумф, апсолутно заслужен на младите кошаркарки на Словачка.

Ги добија сите четири натпревари и со право го добија победничкиот пехар од претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ.

Инаку, ова е само првиот ваков собир кој ќе го организираме. Веќе од 3. август, на истото место, во салата на СРЦ „Кале “ во Скопје, ќе се игра „А“ групата од ФИБА „Челенџ“ турнирот за кошаркари „Под 18“ години.

Од 3 до 8. август, имаме навистина елитни гости, јуниорските селекции на Шпанија, Србија, Хрватска, Германија и Грузија.

Веќе од 16. август, следува и организацијата на ФИБА „Челенџер“ турнирот за кошаркари „Под 16“ години на кој освен нашата кадетска репрезентација ќе се натпреваруваат и Франција, Литванија, Русија, Грција и Романија.

О