Машката селекција на Македонија „Под 18“ запиша уште еден успех во подготвителниот период. По добрите игри на гостувањето во Бугарија, селекцијата која од клупата ја предводи селекторот Тони Симиќ, запиша уште еден плус.
Сега на домашен терен во Скопје. Во малата сала на СРЦ „Кале“ победена е соодветната селекција на Швајцарија. На крајот „само“ со 19.поени разлика (77:58).
Само, од причина што на истекот на третата четвртина нашиот јуниорски национален тим имаше предност и од триесетина поени. И само малиот пад во играта во последната четвртина, кога Симиќ им даде шанса на сите играчи запишани во записникот, го намали крајниот, подобро кажано, резултатскиот ефект на оваа „контрола“ во која Симиќ реализираше 15.поени, Бошалески имаше 11, а Стојановски уште десет.
Во четврток нашите јуниори патувата за Гевгелија каде следува учество на силниот меѓународен турнир на кој освен нашата, ќе играат и јуниорските селекции на Црна Гора, Грција и Бугарија
МАКЕДОНИЈА (У-18) – ШВАЈЦАРИЈА 77:58
(28-15; 18-7; 21-16; 10-20)
МАКЕДОНИЈА: Бошалески 11, Симиќ 15, Стојановски 10, Димитриовски 9, Стојковски 4, Шошкиќ 8, Саити 5, Србиноски 6, Петковски 2, Трипуновски 4 Башовски 3;